Играчот за врска на Лил и португалската репрезентација Ренато Санчез на крајот би можел да го напушти францускиот клуб.
Според пишувањето на медиумите Лил е спремен во летниот преоден рок да го продаде Санчез на кого договорот со францускиот клуб му истекува летото 2023 година. Помеѓу заинтересираните клубови за неговиот потпис наводно е и Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Росонерите“ во Санчез гледаат замена за Франк Кеси кој се уште не ја прифаќа понудата за продолжување на соработката. Меѓутоа, не е Милан единствениот италијански тим кој го сака Санчез. Рома и Јувентус исто така „фрлиле око“ на Санчез, Милан се истакнува како фаворит поради добрите односи на двата клуба.
Санчез во Лил пристигна во 2019 година од Баерн, а во досегашната кариера настапуваше уште за Бенфика и Свонси. Сезонава за Лил одигра осум натпревари и вкупно има учинок од 67 натпревари пет гола и шест асистенции.