Дома Фудбал Репрезентации Потврдено: Меси ќе игра против Бразил

Потврдено: Меси ќе игра против Бразил

Лионел Меси ќе биде спремен за дербито со Бразил во квалификациите за Мундијалот во Катар, потврди селекторот на „гаучосите“ Скалони.

Меси имаше проблем со коленото и на претходниот меч со Уругвај одигра само 15 минути, но сега ќе биде спремен за јужмноамериканското Класико.

„Пред неколку дена беше физички спремен, но одлучивме да игра само неколку минути. Потврдено е дека ќе игра утре и се надеваме дека ќе биде добро расположен“, изјави Скалони.

Бразил како првопласиран веќе се пласира на Светското првенство, а Аргентина може тоа да го направи со победа над вечниот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Легендарниот голман на Валенсија: Никој не сака играч како Винисиус

Винисиус Жуниор е извонреден фудбалер, но и личност која ја подели јавноста на оние кои го…