После преживеаниот срцев удар на ЕП, играчот на Интер Кристиан Ериксен ќе може да ја продолжи фудбалската кариера следната сезона, тврди „Газета дело Спорт“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа, Ериксен за да продолжи да игра фудбал ќе мора да го напушти актуелниот клуб Интер и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Холандија или родната Данска.




Интер потврди дека е подготвен да се раздели данскиот фудбалер затоа што не може да го регистира за настапи. Познато е дека италијанската лига е многу строга за играчите со срцеви проблеми, а Ериксен има елетричен дефибрилатор на срцето.




Меѓутоа во холандското првенство протоколите не се толку строги, а докторите тврдат дека Ериксен ќе може да се врати на терените од следната сезона.