Дома Топ вести Флорентино Перез спрема две трансфер „бомби“

Флорентино Перез спрема две трансфер „бомби“

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез веќе работи на два големи трансфери со кои ќе направи вистинска „револуција“ следното лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал Мадрид ова лето понуди 200 милиони евра за Килијан Мбапе, но не успеа да постигне договор со ПСЖ. Французинот е цврст во намерата да се пресели во Реал Мадрид и ги одбива сите понуди на ПСЖ за продоложување на соработката, па следното лето ќе биде слободен агент.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Мбапе веќе има договор со „кралевите“ и следното лето ќе пристигне на „Сабтиаго Бернабеу“ како слободен агент без обештетување.

Тоа ќе му овозможи на претседателот Флорентино Перез да донесе уште една голема ѕвезда, а прва желба е Ерлинг Халанд.

Реал веќе почна да работи на трансферот на Норвежанецот и е спремен да ги задоволи финансиските барања на фудбалерот и неговиот агент Мино Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…