Милан во последните денови на преодниот рок не успеа да го комплетира трансферот Роман Фавре од Брест.
„Росонерите“ имаа договор со 23-годишниот офанзивен фудбалер, но не успеаа да се договорат со Брест за висината на обештетувањето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фавре важи за еден од најперспективните француски фудбалери и игра фантастично и оваа сезона, а сега откри дека веќе се подготвува за трансфер во Милан.
„Подготвен сум, затоа што кога Малдини ќе се јави, една таква легенда, веднаш се чувствувате ценети и правите се што е во ваша моќ да дојдете во Милан. Сметам дека еден млад фудбалер како мене треба да се подготви однапред за трансфер во таков клуб. Имам личен атлетски тренер три пати неделно, имам нутриционист и „ментален“ тренер кој ми помага подобро да управувам со емоциите и притисокот што го носат големите клубови како Милан“, изјави Фавре.
Италијанските медиуми откриваат дека Милан ќе го комплетира трансферот на Французинот во јануари за 15 милиони евра.