Дома Кошарка НБА лигата ги повика играчите и тренерите да примат трета доза вакцина

НБА лигата ги повика играчите и тренерите да примат трета доза вакцина

Кошаркарската НБА лига им препорача на играчите, тренерите и судиите да примат трета доза од вакцината против Ковид.

Раководството на Лигата и Националната асоцијација на кошаркари, работејќи заедно врз основа на препораките на експертите за јавно здравје и заразни болести на НБА, соопштија дека оние кои ја примиле вакцината Џонсон и Џонсон пред повеќе од два месеци треба да примат бустер доза.

Дополнителна препорака, исто така, е дадена и за оние, кои се вакцинирале со Фајзер и Модерна пред најмалку шест месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Цибона тргна со +9, па заврши со тежок пораз во Стразбур

Загрепчани загубија со 95:70 во третото коло од кошаркарската Лига на шампиони и паднаа на…