Дома Фудбал Англија Од „Етихад“ на „Кинг Пауер“: Кој ќе му се придружи на Варди?

Од „Етихад“ на „Кинг Пауер“: Кој ќе му се придружи на Варди?

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ихеаначо е многу блиску до потпис со Лестер Сити.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Англиските медиуми пренесуваат дека Ихеаначо во моментов ги минува лекарските прегледи во Лестер, по што наскоро овој трансфер и ќе се официјализира.

„Лисиците“ како што се наведува на тимот од Манчестер ќе му исплатат 25 милиони фунти за услугите на 20-годишниот напаѓач.

Нигериецот во редовите на Манчестер Сити пристигна во 2014. година и одигра 64 натпревари на кои постигна 21 погодок, додека за репрезентацијата на Нигерија одигра 10 натпревари и постигна шест погодоци.

Ако Лестер го реализира овој трансфер, тоа за нив ќе биде четврто засилување, откако претходно пристигнаа Елдин Јакуповиќ, Хери Магер и Висенте Ибора.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…