Иднината на Кингсли Коман во Баерн Минхен е неизвесна откако играчот не може да се договори со клубот за продолжување на соработката.
Договорот на Коман истекува 2023 година. Тој нема намера да ја продолжи соработката ако не му биде понудена значително зголемување на платата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн веќе испрати понуда за нов договор, но 25-годишниот Французин не е задоволен и големи се шансите да го напушти клубот следното лето.
Коман се поврзува со неколку европски гиганти како Ливерпул, Манчестер Сити и Јувентус, но последните информации се дека Реал Мадрид е фаворит за неговиот потпис.
Шпанскиот гигант ќе се обиде да го купи уште во јануари, но засега понудата од 35 милиони евра изгледа премалку и Баерн е спремен да ја одбие.
In den vergangenen Monaten stand Kingsley Coman mit vielen Top-Klubs in Kontakt. Neben Chelsea und Barcelona scheint ein weiterer Verein, Real Madrid, um den Flügelflitzer zu kämpfen. pic.twitter.com/F7ZuXWo99h
— FC Bayern München News (@BayernPortal) November 8, 2021