Винисиус Јуниор оваа сезона игра во фантастична форма во дресот на Реал Мадрид и се промовираше во еден од најдобрите млади фудбалери во светот.




Бразилецот во досегашниот дел од сезоната веќе постигна девет гола и запиша пет асистенции во сите натпреварувања.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Тој има договор со Реал до јуни 2025 година, но клубот сака да го награди за добрите партии и да му понуди подобар договор.




Шпанските медиуми пренесуваат дека Винисиус во моментов заработува 3,5 милиони евра, а со новиот договор ќе добие двојно поголема плата, која со бонуси може да достигне до 9 милиони евра.




Притоа, во новиот договор на Бразилецот ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра.