Репрезентацијата на Македонија запиша пораз на првиот пријателски натпревар против Египет со 32:25.
Добро се држевме во првиот дел и бевме рамноправен противник, сепак во вториот дел Египет поради нашите грешки кон средината на полувремето почна да се „одлепува“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот започна со одбрани на Хандави и Митревски, првиот гол го постигнаа домаќините после неколку промашени напади, Талески беше стрелецот на воведниот гол за Македонија. После изедначената игра со серија од неколку голови на едната и другата страна Египет на пауза замина со два гола предност (12:10).
На стартот од вториот дел ние брзо израмнивме на 12:12. Се држевме се до 42. минута кога домаќинот почна да ја прави разликата и во 46. минута губевме со највисоки до тогаш 23:18 и се чини ова беше клучниот момент кога се реши победникот.
До крајот работите на теренот не се менуваа многу, во финишот шанса од Лазаров добија, Симоноски, Атанасијевиќ и Митев. Конечниот резултат како што споменавме на почетокот гласеше 32:25. Утре во исто време го играме вториот пријателски натпревар со Египет.