Дома Фудбал Останато Бернардо Силва: Ќе се обидеме да го запреме Роналдо

Бернардо Силва: Ќе се обидеме да го запреме Роналдо

Играчот за врска на Манчестер Сити, Бернардо Силва зборуваше за својот сонародник Кристиано Роналдо пред дербито во Премиер лигата.

Викендов на програмата е големото дерби на Манчестер, а Силва истакна дека Сити ќе се обиде да го запре Роналдо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мислам дека Роналдо одлично се справува и постигнува решавачки голови за Јунајтед. Тој може да го реши секој меч, па затоа ќе се обидеме да го запреме и да не му дозволиме да постигне гол. Меѓутоа, ние не играме против Кристиано, туку против Манчестер Јунајтед“.

„Ова е голем меч и многу важен за нас. Меѓутоа, јас се однесувам како и на секој друг меч и сакам да победиме“, изјави Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Играч на бразилски второлигаш кој се бори за опстанок го сруши Бразил

Бразил ја забележа својата шеста загуба во квалификациите за Светското првенство 2026 годи…