Барселона е заинтересирана за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани, пренесува „Ел Насионал“.
34-годишниот напаѓач има договор со Јунајтед до крајот на сезоната и ќе биде слободен агент, па токму тоа е причината што е цел на интерес на каталонскиот гигант.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Барселона е во потрага по напаѓач кој ќе може да го замени Агуеро, кој поради проблеми со срценето ќе мора да отсуствува подолго време.
Каталонците се надеваат дека може да го добијат Кавани во јануари за симболична сума.
Кавани беше на чекор од заминување од „Олд Трафорд“ ова лето, но сепак одлучи да остане. Меѓутоа, со доаѓањето на Кристиано Роналдо неговата минутажа значително ќе се намали.