Наполи запиша голема победа против Легија во Лига Европа, а Вест Хем и Лион веќе обезбедија пласман во нокаут фазата.
Елмас беше во стартниот состав на Наполи, кој лошо го започна мечот и домаќините брзо стигнаа до предност од 1:0. Гостите создадоа неколку добри шанси во првото полувреме, но не успеваа да израмнат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во вториот дел Наполи апсолутно доминираше и стигна до голема победа. Зиелински од пенал, Мертенс, Лозано и Онас погодија за конечни 1:4.
Вест Хем одигра реми на гостувањето кај Генк (2:2), но тоа беше доволно за пласман во нокаут фазата. Лион со победата над Спарта Прага од 3:0 исто така обезбеди европска пролет.
Ајнтрахт запиша важна победа на гости кај Олимпијакос, а без победник завршија натпреварите Брондби – Глазгов Ренџерс, Галатасарај – Локомотив Москва, Реал Сосиедад – Штурм Грац и Монако и ПСВ Ајндховен.