Селекторот на Романија кој во септември ја водеше оваа селекција против Македониај во Скопје за ноемврскиот циклус повика 15-годишен фудбалер.
Енес Сали кој игра за Фарул настапуваше за кадетската селекција на Романците. Сали е роден во Канада, а има и турски корени, па веројатно со овој потег Радои сака да го убеди да ја избере Романија како селекција за која ќе настапува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со евентуално деби „А“ репрезентацијата Романците би го обезбедиле. Тој е роден во Торонто, две години беше дел и од академијата на Барселона Ла Масија. Од оваа година е член на Фарул каде што дојде од академијата на Георге Хаџи.
Ќе потсетиме дека Романија е наш главен ривал во борбата за втората позиција и со евентуален кикс во некој од дуелите со Исланд и Лихтенштајн би имале шанси за втората позиција, секако ако ние си ја завршиме работата и славиме против Ерменија и Исланд.