Дома Македонски спорт Мак баскет Претседателката на КК Пелистер поднесе оставка

Претседателката на КК Пелистер поднесе оставка

Кошаркарскиот клуб Пелистер одлично ја отвори сезоната и е единствен непоразен во лигата, но пред клубот е период во кој ќе следуваат промени.

Имено, денес Мери Ковачевска поднесе оставка од функцијата претседателка во битолскиот прволигаш.

Заминувањето, неофицијално, се случува поради промените во локалната власт во општина Битола.

„Јас, Мери Ковачевска, претседател на Одборот на директори на Друштво за спортски дејности Кошаркарски клуб Пелистер, денеска, на ден 03.11.2021 година, ја давам мојата оставка на функцијата Претседател и член на Одбор на директори. Причината поради која ја поднесувам оваа оставка се приватните и професионални обврски кои не ми дозволуваат повеќе професионално да ги извршувам обврските на функцијата. Притоа, барам во најкраток можен рок, а согласно Законот за трговски друштва и Статутот на Друштвото, Одборот на директори да ги преземе сите дејствија во насока на престанок на мојата функција“, објави Ковачевска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Рајков со убедливи 5-0 го донесе единствениот македонски успех во Загреб

Кирил Рајков го совлада Словенецот Алекс Вас на „Загреб опен“. Од тројцата македонски бокс…