Дома Фудбал Останато Ибра: Најдобри млади фудбалери? Јас, Мбапе и Халанд

Ибра: Најдобри млади фудбалери? Јас, Мбапе и Халанд

Златан Ибрахимовиќ даде интервју за „Франс Фудбал“ во кое зборуваше за својата кариера, но и за уште неколку фудбалери кои моментално се во центарот на вниманието.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ибрахимовиќ неодамна го прослави својот 40-ти роденден, но се уште игра на врвно ниво.

На прашањето кои според него се најдобрите млади фудбалери, тој одговори во свој стил.

„Има неколку играчи кои се долго време на врвот, а се уште се млади. Тука се Мбапе и Халанд, но и Ибрахимовиќ. Не треба да зборуваме за другите“, изјави Ибра.

„Го сакам Мбапе, но тој не се труди доволно. Може да стане толку подобар, но само ако почне да го дава максимумот на секој тренинг. Мора да чувствува крв, да оди на оган и да се опкружува со луѓе кои ќе кажат тој не е доволно добар и може уште подобро. Само тогаш ќе може да надмине некои легендарни играчи, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…