Дома Фудбал Лапорта: Секогаш сум зборувал дека Чави еден ден ќе ја води Барса

Лапорта: Секогаш сум зборувал дека Чави еден ден ќе ја води Барса

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ја коментираше ситуацијата во клубот и заминувањето на тренерот Роналд Куман.

Лапорта беше запрашан за Чави, кој важи како фаворит за празното столче на „Камп Ноу“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Чави? Ќе задржам за себе си тоа колку варијанти имам на располагање. Чави се разви како добар тренер, слушнав добри работи за него. Со него разговарав за време на претседателската кампања и му објаснив дека ќе се обидам да го задржам Куман до крајот на договорот“, истакна Лапорта.

„Секогаш сум кажувал дека Чави еден ден ќе ја води Барселона. Тој го сака фудбалот и е дел од клубот, па неговото враќање тука е и негова цел. Имам доверба во луѓето кои го следат како него, така и други тренери“, додаде претседателот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финали…