После три сезони поминати во Јувентус, 101 гол на 134 натпревари и пет освоени трофеи Кристиано Роналдо кон крајот на преодниот рок си замина од Јувентус и се врати во Манчестер Јунајтед.
Французинот Патрис Евра зборуваше за неговиот период во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Роналдо во Јувентус бараше почитување, но беше жртвено јагне. Него му е потребно внимание и почит, а критиките кои добиваше во Италија беа смешни и лицемерни“, изјави Евра и замери на начинот на кој Алегри го дочека Португалецот.
„Погреши кога на прес-конференцијата изјави дека Роналдо нема да игра на секој натпревар. Не беше потребно тоа јавно да се зборува. Како и да е, убаво е што се врати во Манчестер Јунајтед, тој клуб е негова прва љубов“, додаде Евра.