Дома Топ вести Чави веќе направи список на засилувања во Барселона

Чави веќе направи список на засилувања во Барселона

Барселона му врачи отказ на тренерот Роналд Куман и ја започна потрагата по нов кормилар.

Каталонските медиуми пренесуваат дека наскоро на тренерското столче на Камп Ноу ќе седне легендата Чави Ернандес.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Поранешниот капитен на клубот наводно веќе разговарал со Лапорта и се согласил да се врати во клубот и да започне реконструкција на тимот.

Чави веќе му го претставил на Лапорта својот план и му порачал дека клубот ќе мора во јануари да донесе неколку засилувања.

Медиумите откриваат дека главни трансфер мети на Чави ќе бидат Рахим Стерлинг од Манчестер Сити и дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде. Исто така порачал што поскоро да биде обновен договорот на Осман Дембеле.

Познато е дека Барсеона е во голема финансиска криза, па прашање е дали клубот ќе може да му ги исполни желбите на Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ова е моментот кога Црвена звезда можеше да го нокаутира Порто (Видео)

Црвена звезда доживеа тежок пораз во четвртокот вечер од Порто, бидејќи до 89-та минута им…