Реал Мадрид синоќа одигра реми без голови протов Осасуна на домашен терен и испушти можност да се врати на врвот на табелата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти после мечот се жалеше на судиските одлуки и индирекно ги обвини арбитрите за киксот на неговиот тим.




Иако Осасуна на секаков начин се обидуваше да го потроши времето, сепак судиите решија да не дадат поголемо надополнување од четири минути, а тоа го налути Анчелоти.




„Судиското продолжение ми изгледаше кратко. Требаше да биде подолго со оглед на тоа што се случуваше на теренот. Не ми објаснија зошто е тоа така. Исто така, Винисиус бараше ВАР-реакција, кога го згазнаа, но арбитарот повторно не реагираш“, истакна Анчелоти.