Рајо Валекано продолжи со добрите партии и стигна до голема победа против Барселона (1:0).




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Погодокот за одлука го постигна ветеранот Радамел Фалкао во 30-та минута. „Ел Тигре“ на мајсторски начин се ослободи од Пике и го совлада Тер Штеген.




Барселона во вториот дел фрли се на една карта, се обидуваше да дојде барем до бод, но херој за домаќините беше Столе Димитриевски.




Македонскиот голман му одбрани пенал на Депај во 72-та минута, момент кој се покажа како клучен во победата.