Играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек е спремен да го напушти клубот во јануари бидејќи не е задоволен од својот статус во тимот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Холанѓанецот минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, но не успеа да го покаже својот потенцијал во првата сезона и често ја грееше клупата за резерви.




24-годишниот играч за врска е уморен да чека шанса на „Олд Трафорд“, па веќе започнал да бара нов клуб, а таквата ситуација сака да ја искористи Милан.




„Росонерите“ играат одлично и се на врвот на табелата во Серија А, но сакаат да го засилат тимот во јануари, а Ван де Бек е една од најголемите желби.




Милан ќе се обиде да го донесе играчот на позајмица во јануари со право на откуп на крајот на сезоната.