Првото овогодишно Ел Класико му припадна на Реал Мадрид, кој славеше на Камп Ноу со 1:2.
Дербито од самиот старт почна возбудливо и со шанси на двете страни. Винисиус ја пропушти наголемата шанса за „кралевите“, а неколку минути подоцна Дест имаше колосална шанса за Каталонците.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Во 35-та минута Реал одигра фантастичен контранапад кој со гол го заврши Алаба, резултат со кој се замина на полувреме.
Барселона се обидуваше да дојде до израмнување во вториот дел, но „кралевите“ добро го контролираа мечот се до 90-та минута кога Лукас Васкез зголеми на 2:0.
Агуеро во 96-та минута ги постави конечните 1:2 со својот прв гол во дресот на Барселона.