Денес ќе биде вистински празник за сите љубители на фудбалот бидејќи не чекаат неколку супер интересни натпревари.
Серијата дерби натпревари започнува од 16:15 и тоа со „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Според актуелната форма можеби Реал Мадрид е благ фаворит, меѓутоа многу пати сме биле сведоци дека во вакви мечеви формата не игра секогаш улога.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Потоа од 17:30 во англиската Премиер лигата започнува средбата помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед. За ривалството помеѓу двата англиски не треба да се трошат премногу зборови, а сега сетоа тоа ќе биде зачинето со приствувото на Кристано Роналдо.
Само половина час подоцна во Италија стартува интересниот дуел помеѓу Рома и Наполи, а вечерниот термин после оваа средба е резервиран за Дербито на Италија помеѓу лутите ривали Интер и Јувентус.
Дерби во 20:45 часот ќе се игра и во Франција каде што ќе се сретнат тимовите на Марсеј и ПСЖ.