Дома Фудбал Италија Барела и Лаутаро пред потпис на нов договор со Интер, со Брозовиќ ситуацијата е поинаква

Барела и Лаутаро пред потпис на нов договор со Интер, со Брозовиќ ситуацијата е поинаква

Интер пред почетокот на новата сезона се соочи со големи финансиски проблеми, па поради тоа си заминаа Ашраф Хакими и Ромелу Лукаку, на тој начин се собраа средства за нормално функционирање.

Клубот повеќе нема потреба да продава, па сега целта ќе биде да се задржуваат најдобрите. Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота во интервју за „Кориере дело Спорт“ соопшти дека клубот е блиску до продолжување на договорите со Барела и Лаутаро Мартинез. Меѓутоа напомена и дека со Брозовиќ ситуацијата е малку поинаква.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Со задоволство можам да кажам дека со Барела и Лаутаро сме скоро договорени и тие треба да потпишат нови договори. Од друга страна со Брозовиќ ситуацијата е нешто поинаква и сме подалеку од договор. Сепак, имаме време да ги решиме спротивностите“, истакна Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фотографии од Модриќ по мечот со ПСЖ кои нема да ги остават рамнодушни навивачите на Реал Мадрид

ПСЖ синоќа го декласираше Реал Мадрид со 4:0 во полуфиналето од Светското клупско првенств…