Барселона денес официјално на пресконференција го претстави новиот договор на Ансу Фати.




18-годишниот талент ја потврди својата верност кон Каталонците до 2027 година и во новиот договор има откупна клаузула од 1 милијарда евра.




ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Ансу Фати ги одби сите останати понуда и потврди дека Барселона бил негов приоритет.
„Од самиот старт му кажав на Жорге Мендеш дека прва опција ми е Барса, тој разбра перфектно и постигнавме договор со Барса. Имав неколку понуди од странство, но секогаш беше јасно дека сакам да продолжам да растам и да бидам успешен тука“, изјави Фати.




„Сакам да му се заблагодарам на претседателот за довербата и тоа што ми овозможи да продолжам во Барселона уште неколку години. Сакам да постигнувам успеси со овој клуб“, додаде младиот талент.