Дома Македонски спорт Нестор се врати: Не беше лесно, но се соочив со крената глава!

Нестор се врати: Не беше лесно, но се соочив со крената глава!

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски конечно после долгата пауза поради повредата која го пропушти и Европското првенство е спремен да се врати на терените.

Несторовски се врати после шест месеци по операцијата на лигаментите на коленото. Како што стојат работите Несторовски кога веќе започна со тренинзи ќе биде спремен да помогне на Македонија во последните два квалификациски натпревари за Светското првенство, останува на Милевски дали ќе го повика.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Поминаа 180 дена, со сите се соочив со дигната глава.Не беше лесно да се надмине се но , но како и секоја потешкотија се соочив со тоа на најдобар можен начин. Оваа пречка не беше лесна, но успеав да ја надминам со мојата одлучност и благодарејќи на моето семејство кое беше покрај мене секој ден! Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на медицинскиот персонал на Удинезе што ми беа на располагање за да закрепнам подобро .. Благодарам Nestorovski is back“, порача Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…