Дома Трансфер зона Олмо во јануари ќе го напушти Лајпциг, Барселона не се откажува – во игра и манчестерскте клубови!

Олмо во јануари ќе го напушти Лајпциг, Барселона не се откажува – во игра и манчестерскте клубови!

Добро известениот новинар на „Билд“ Кристијан Фалк тврди дека Дани Олмо во јануари ќе го напушти Лајпциг.

„Барселона не планира да се откаже од Олмо и во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го доведе. Планот на Барселона е да го позајми Олмо за вториот дел од сезоната, а потоа да го откупи неговиот договор во летото 2022 за 60 милиони евра“, пишува „Билд“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Се наведува дека Барселона е прв избор за Олмо, но ако не успеат да пронајдат пари да го ангажираат тогаш шпанскиот репрезентативец би можел да се пресели во Англија. Целата ситуација околу Олмо ја следат Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, тврди Фалк.

Треба да се спомене дека пари од трансферот на Олмо ќе добие и Динамо Загреб кој се договори за одреден процент при неговата продажба во германскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Модриќ донел одлука!

Легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ одлучил кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид…