Дома Фудбал Куман: После двата порази само победата е решение за нас

Куман: После двата порази само победата е решение за нас

Роналд Куман е свесен дека со лош резултат вечерва против Динамо Киев Барселона веќе ќе биде на излезни врати од ЛШ.

Холанѓанецот е под притисок од почетокот на сезоната поради слабите резултати, посебно на европска сцена каде што Барселона има порази во двата одиграни натпревари.

„Пред нас е важен натпревар и играме за нашата иднина во ЛШ. После двата порази, сега мораме да победиме, немаме друго решение. Се обидуваме да го стигнеме нивото на другите тимови со млади играчи и фудбалери кои се враќаат од повреди. На вистинскиот пат сме, сепак има разлика меѓу нас и најсилните тимови во овој момент“, изјави Куман.

Барселона е последна во својата група без освоен бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси не забавува ни на 39: Со мајсторија донесе пресврт и второ место за Интер Мајами

Аргентинецот асистираше, па погоди во 83. минута за победа од 2:1 кај Њу Ингланд. Сезонава…