Дома Топ вести Барселона и Милан тргнуваат по Лингард

Барселона и Милан тргнуваат по Лингард

Барселона и Милан се силно заинтересирани за офанзивниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард.

Англиските медиуми пренесуваат дека Лингард одбил да стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лингард последните шест месеци ги помина во Вест Хем каде блескаше во дресот на „чеканите“, но двата клуба не се договорија за трансфер.

Манчестер Јунајтед му понуди нов договор, но играчот одбива да потпише, бидејќи не е задоволен со својот статус во тимот.

Договорот на Лингард истекува следното лето, па „црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат во јануари за „само“ 15 милиони евра.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат Барселона и Милан, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за Шпанците: Репрезентацијата може да биде исфрлена од ЕП, а клубовите од сите УЕФА натпреварувања?!

Како што претходно пишуваше шпански „АС“, УЕФА ја следи ситуацијата во шпанскиот фудбал, а…