Aрсен Венгер кој е шеф во ФИФА за глобален развој на фудбалот сега претстави нова идеја.
Според Венгер добро би било како што имаат тренерите на тимовите прес-конференција после секој натпревар, така да имаат и судиите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Венгер смета дека на тој начин би се избегнале контроверзиите и големиот број коментари за некои одлуки, судиите веднаш би ги објасниле.
„Кога судиите би имале можност после натпреварите да објаснат зошто донеле некоја одлука би се избегнале големите дискусии во јавноста. Сигурно дека за ова прашање треба да се консултираме и со судиите, не знам какво е нивното мислење, но според мене може да биде добро“, изјави Венгер.