Дома Фудбал Италија Спалети за Елмас: Тој е посебно момче, трча многу дури и кога нема потреба

Спалети за Елмас: Тој е посебно момче, трча многу дури и кога нема потреба

Наполи продолжува да победува во Серија А, вчера со минимални 1:0 на „Диего Армандо Марадона“ беше победен Торино.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше големи заслуги за победата затоа што беше асистент на голот на Виктор Осимен. После натпреварот Лучијано Спалети не го криеше задоволството.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„После оваа победа им даваме дополнителен мотив на противниците да не победата, сите се во овој момент против нас. Некои фудбалери од стартниот тим денес можеби потфрлија, но добро е што имаме одлични играчи и на клупата за резерви“.

Посебно ги коментираше Осимен и Елмас.

„Осмине е голем работник, а Елмас е посебно момче кое со голем ентузијазам влегува во секој натпревар. Трча многу дури и кога не е потребно. Тоа е добра работа“, изјави Спалети.

Во следното коло Наполи ќе игра против Рома која овој викенд беше поразена од Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …