Дома Фудбал Останато Емотивниот Лаутаро почна да плаче после измената🎥

Емотивниот Лаутаро почна да плаче после измената🎥

Аргентина синоќа пред своите навивачи убедливо го совлада Уругвај со 3:0 во квалификациите за Светско првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Резултатот го отвори Лео Меси, а само неколку минути подоцна Де Паул ја зголеми предноста на „гаучосите“.

Конечните 3:0 беа дело на Лаутаро Мартинез, кој веднаш после голот беше заменет, а на клупата не можеше да ги задржи солзите.

„Помислив на моето семејство кое беше на трибините и затоа бев така емотивен. Тоа е голема жртва кога ќе оставите се по страна за да успеете. Моето семејство секогаш беше покрај мене и вечно ќе им бидам благодарен“, изјави Лаутаро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Португалците признаа: Нè спаси технологијата

Португалија со драматична победа од 2:1 против Хрватска обезбеди пласман во осминафиналето…