Тајсон Фјури во Лас Вегас го победи Деонтај Вајлдер со технички нокаут во 11. рунда.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Британецот успеа да ја одбрани титулата светски шампион, за 11 рунди боксување против Вајлдер ќе заработи вистинско богатство, исто како и неговиот ривал. Ова беше нивна трета борба и втора победа на Фјури.




За нивната прва борба во 2018 година, Вајлдер заработи четири милиони долари, а Фјури милион помалку. Заработките во втората борба беа значително поголеми затоа што двата боксери заработија дури 25 милиони долари.




Според сегашниот договор, исплатата за оваа борба е подалена 60-40 за Фјури. Британецот може да смета на 30 милиони долари и 60% од заработката од ТВ правата. Вајлдер ќе добие 20 милиони долари и 40% од ТВ правата.




Од ТВ правата според она што го зборуваше организаторот би требало да има заработка околу 100 милиони долари.