Новата ѕвезда на Пари Сент Жермен, Лионел Меси призна дека се уште се адаптира на новата средина, но дека бил одлично прифатен од сите во клубот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси меѓу другото зборуваше и за можното заминување на Мбапе во Реал Мадрид и откри дека Французинот одлично зборува шпански јазик.




Имам одличен однос со него од првиот ден. Килијан совршено зборува шпански и лесно се разбира со таков играч. Добрите односи надвор од теренот ги олеснуваат работите и иако е се уште рано да се донесуваат заклучоци, сигурен сум дека се ќе биде добро“.




„Само што стигнав овде и не го познавам доволно за да кажам што ќе се случи во иднина. Ако на крајот остане со нас, тоа ќе биде голема радост и уште еден начин да ни помогне да ги постигнеме нашите цели“, изјави Меси.