Дома Фудбал Италија Милан спреми богат договор за Тео Хернандес

Милан спреми богат договор за Тео Хернандес

Милан започна преговори со Тео Хернандес за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.

Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Ервопа.

Тео Хернандес има договор со „росонерите“ до 2023 година, но веќе е на мета на многу европски гиганти.

Милан сака да го „блиндира“ со нов договор и му понудил тројно зголемување на платата. Французинот моментално заработува 1,7 милиони, а Милан му нуди годишна плата од 5 милиони евра.

Медиумите тврдат дека преговорите одат во добра насока, бидејќи Французинот сака да остане во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ во драматичен финиш извлече реми – Лил со жестоки критики кон судиите

ПСЖ доминира во француската лига веќе неколку години, а последните две сезони се истакнува…