Дома Фудбал „Спорт“: На Дембеле тешко му паднало заминувањето на Гризман

„Спорт“: На Дембеле тешко му паднало заминувањето на Гризман

Oсман Дембеле наскоро ќе се врати на терените. Францускиот репрезентативец се повреди на Европското првенство и уште од тогаш не играше.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дембеле од доаѓањето во Барселона имаше големи проблеми со повредите и повеќе време помина по болниците отколку на терените. Договорот со каталонскиот клуб му е до крајот на сезоната и веќе од јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубви.

„Во Барселона Дембеле се чувствува по малку осамено и без љубов. Многу го погоди заминувањето на неговиот најдобар пријател, Антоан Гризман“, пишува каталонскиот „Спорт“.

Минатата сезона Дембеле одигра 44 натпревари, најмногу откако стигна во Барселона. Постигна 11 голови и подели пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…