Дома Фудбал Останато Раиола го обвини Милан за сирежите кон Донарума

Раиола го обвини Милан за сирежите кон Донарума

Не престануваат реакциите од јавноста откако Донарума беше исвиркан на „Сан Сиро“ додека играше за националниот дрес против Шпанија.

Навивачите на Милан не му го простија „предавството“ и неговото заминување од клубот ова лето без обештетување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Донарума беше исвиркан од публиката за време на целиот меч, а медиумите откриваат дека плачел во соблекувалната после мечот.

Денес се огласи неговиот менаџер Мино Раиола и во интервју за „Кориере дело Спорт“ го обвини Милан за целата ситуација.

„Она што се случи на стадионот е тажно, чудно и срамно. Чудно е што фановите го напаѓаат Донарума бидејќи направи слободен избор, а уште почудно е што Милан не се дистанцираше како клуб од транспарентите и свирежите против Џиџо“, истакна Донарума.

„Згрозен сум од свирежите кон Донарума и се прашувам зошто Милан не интервенираше на некој начин по истанувањето на банерот. Дали тој убил некого? Вистината е дека Милан немаше сила да го задржи, но тоа не прави разлика. Прашајте било кој, прашајте го татко му. Што би му сугерирал на својот син? Да оди во ПСЖ или да остане во Милан?“, заклучи контроверзниот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еве кои ѕвезди ќе настапат: Познати составите на Реал Мадрид и Баерн Минхен (Фото)

Реал Мадрид го отвора четвртфиналниот предизвик во Лига на шампиони со домашен натпревар п…