Дома Фудбал Останато Погба: Постојано сум во контакт со играчите на Јувентус

Погба: Постојано сум во контакт со играчите на Јувентус

Пол Погба синоќа со француската репрезентација се врати во Торино на стадионот на Јувентус, каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.

После натпреварот Погба ги „запали“ навивачите на Јувентус со својата изјава и не исклучи негово враќање во редовите на „старата дама“.

„Постојано зборувам со фудбалерите на Јувентус. Јас сум во Манчестер, имам уште една година од договорот тука, а потоа ќе видиме. Целта ми е да играм добро за Манчестер, а потоа ќе видиме“, изјави Погба.

Французинот на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а еден од заинтересираните клубови за неговиот потпис е Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул најде замена за Салах, навивачите не се особено воодушевени од изборот

Ливерпул по заминувањето на Мохамед Салах во Трабзонспор почна потрагата по ново решение в…