Првиот голман на германската репрезентација, Мануел Ноер би можел да ги пропушти натпреварите против Романија и Македонија во квалификациите за Светското првенство.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Германските медиуми објавија дека Ноер не го одработил првиот тренинг на собирот со репрезентацијата поради болка во десното колено која кај него е присутна подолго време. По деталните прегледи ќе биде познато дали Ноер ќе може да настапи.




Ако Ноер не може да настапи на голот на германската репрезентација ќе застане најверојатно Тер Штеген, трет голман е Лено. Германија во нашата група е лидер со 15 бода, Ерменија има 11, Романија 10, а ние сме четврти со 9 бода.




Натпреварот со Германија го играме на 11. октомври во понеделник со почеток од 20:45 часот.