На 78-годишна возраст почина Бернар Тапи, човекот кој како сопственик го однесе Марсеј до европскиот трон.
Како што јавуваат француските медиуми, Тапи ја загуби битката со ракот со која се бореше од 2017 година.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Животот на Бернар Тапи беше исполнет со бројни афери и контроверзи, а најпозната е таа од 1991 година кога пред финалето во Лига на шампионите сакаше да подмити неколку фудбалери на Црвена Звезда која во финалето играше токму против неговиот Олимпик Марсеј.
Еден од скандалите по кои светот ќе го памети е од 2017 година, кога Апелациониот суд во Франција му нареди да врати 404 милиони евра – вкупната сума што претходно му беше исплатена во спорот за продажба на Адидас, бидејќи наводно имал врски со еден од судиите.кој првично го водеше спорот.