Дома Топ вести Куман: Се слушнав со претседателот, го прашав дали останувам или заминувам

Куман: Се слушнав со претседателот, го прашав дали останувам или заминувам

Тренерот на Барселона, Роналд Куман беше видно разочаран после поразот од Атлетико Мадрид.

Барселона е во серија на лоши резултати, па се погласни се шпекулациите за негов отказ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После мечот со Атлетико, Куман изјави дека му се јавил на претседателот да дознае дали останува на кормилото на тимот.

„Разговарав со претседателот и го замолив јасно да ми каже каков е мојот статус во клубот и можам да кажам дека сум задоволен. Тој разговараше со своите луѓе и донесе одлука, сигурен сум дека ќе бидеме подобри затоа што ни недостасуваат неколку важни играчи“.

„Сега следува пауза за репрезентацијата, а потоа играме три натпревари дома. Агуеро, Алба и Дембеле ќе се вратат и сигурно е дека ќе бидеме многу поопасни. Секогаш има притисок, но тоа е нормално во Барселона”, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…