Дома Фудбал Лапорта се огласи: Куман останува на кормилото на Барселона

Лапорта се огласи: Куман останува на кормилото на Барселона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта денес јавно се огласи и стави крај на шпекулациите за иднината на Роналд Куман.

Во последните денови се погласни се шпекулациите дека Каталонците ќе му врачат отказ на Холанѓанецот.

Претседателот Лапорта денес пред големото дерби со Атлетико Мадрид изјави дека Куман ќе остане на кормилото на Барселона.

„Куман останува тренер на Барселона. Ја има нашата доверба затоа што пред се е легенда на клубот. Ценам што се согласи да биде на кормилото во овие тешки времиња“, изјави Лапорта.

„Денеска имав разговор со него, му ги пренесов моите размислувања за актуелната ситуација. Тој исто така доживеа тешки моменти, но и натаму е мотивиран да ја извршува функцијата“, додаде претседателот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчез речиси исчезна во кадарот: Интервјуто по турското дерби стана хит (Видео)

Галатасарај го совлада Фенербахче со 2:1, но на социјалните мрежи внимание привлече и инте…