Трансфер сагата во врска со преминот на Нејмар во ПСЖ не е готова.
Клубот од Париз има јасен план и на сите начини се обидува да го доведе Нејмар, а како што пишуваат француските медиуми овој клуб е подготвен да испрати и еден играч како дел од трансферот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
ПСЖ во случај на пристигнување на Нејмар ќе ја активира откупната клаузула од неверојатни 222 милиони евра, но се шпекулира дека ќе го понуди и Анхел Ди Марија, како дел од трансферот. ПСЖ треба од Барса да плати одредена сума на пари за Аргентинецот за да ги покрие трошоците за даноци кон државата за трансферот на Нејмар.
Наводно, ПСЖ ќе понуди дури тројца свои фудбалери во замена за Нејмар и одредена сума на пари. Како што пишуваат медиумите во Франција, клубот од Париз е подготвен да ги испрати Анхел Ди Марија, Блез Матуиди и Лукас Моура.
Иако ова се само шпекулации, изгледа дека Барселона би можела да попушти во овој случај.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!