Дома Македонски спорт Доминација на македонските голмани во ЛШ: Борко и Митревски ги имаат најдобрите одбрани!

Доминација на македонските голмани во ЛШ: Борко и Митревски ги имаат најдобрите одбрани!

Двајцата македонски голмани Борко Ристовски и Никола Митревски имаа одлични натпревари во Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Борко блескаше натпреварот на Вардар против Алборг, а вицешампионот на Европа беше победен во Скопје. Борко овој натпревар го заврши со 14 одбрани, а една од нив се најде во топ 5, односно на втората позиција во најдобрите одбрани на колото.

Пред Борко е само Митревски кој одигра важна улога во тесната победа на Порто против Динамо Букурешт. Митревски во овој натпревар собра девет одбрани.

Одбраните на Борко и Митревски, како и останатите три можете да ги погледнете на официјалната страна на ЕХФ – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардарецот Хориха ќе игра во Саудиска Арабија!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха, кој веќе е познат како идно засилување на ПИК Сегед о…