Дома Фудбал Германија Раиола во конфликт со Борусија поради Халанд

Раиола во конфликт со Борусија поради Халанд

Изјавата на извршниот директор на Борисија Дортмунд, Јоаким Вацке го налути менаџерот на Ерлинг Халанд, Мино Раиола, пренесува „АС“.

Во интервјуто Вацке демантираше дека има договор помеѓу двете страни за продажба на фудбалерот следното лето, иако познато е дека Халанд има откупна клаузула која ќе биде активна од јуни 2022 година.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


„Сите овие гласини дека треба да го продадеме Ерлинг се чиста глупост. Постојано слушам такви приказни, читам разни шпекулации, а единствената вистина е дека самиот Ерлинг ќе одлучи“, изјави неодамна Вацке.

Токму овие зборови го налутиле Раиола, кој влегол во конфликт со раководството на „милионерите“. Тој смета дека веќе има усмен договор со Дортмунд за продажба на Халанд следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Артета станува еден од најплатените тренери во светот?

Според последните информации кои пристигнуваат од медиумите, Арсенал подготвува нов догово…