Дома Фудбал Останато Неверојатно: Фенербахче парите за трансфер на фудбалер по грешка ги уплатил во салон за автомобили

Неверојатно: Фенербахче парите за трансфер на фудбалер по грешка ги уплатил во салон за автомобили

Последниот ден од зимскиот преоден ром во 2019 година Миха Зајц се пресели од Емполи во Фенербахче за 4 милиони евра, а две ипол години подоцна тој трансфер е главна вест.

Имено, Фенербахче тогаш се обврзал да плати 4 милиони евра на неколку рати и уредно го правел тоа се до 30 септември минатата година. Кога од Емполи побарале да им биде исплатена ратата од 831.000 евра, турксиот клуб останал во чудо.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Фенербахче парите навистина ги исплатил, но на погрешка адреса.

Споменатата сума завршила наместо во Емполи, во салон за автомобили во холандското градче Дутинхем.

Туците ги замолиле Холанѓаните да им ги вратат парите, но тие не сакале да слушнат за такво нешто. После една година судење, денес судот пресуди дека салонот за автомобили мора да му ги врати парите на фудбалскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …