Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби официјална потврда, Томислав Кушан кариерата ќе ја продолжи во Германија.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Битолскиот клуб денес потврди дека бундеслигашот Вецлар ја плати откупната клаузула од договорот на Томислав Кушан.




„Ракометарот доби „зелено светло“ да замине во Германија на медицински прегледи и потпис на договорот со Вецлар. РК Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на ракометарот Томислав Кушан за професионалноста во периодот во кој го носеше дресот на клубот и му посакува многу успех во понатамошната кариера. Исто така благодарност и до германскиот клуб за коректниот однос“, соопштија од клубот.