Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази надеж Лео Меси да игра на утрешниот дуел со ПСЖ.
„Граѓаните“ утре му гостуваат на ПСЖ во рамките на второто коло од Лигата на шампиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Индивидуално гледано, нема што да говорам за Меси. Се што треба да каже, тој го кажува на теренот, нема потреба да се трошат зборови. Тоа што го направи во досегашната кариера е исклучително. Се надевам дека ќе игра утре против нас“, изјави Пеп.
„Тоа што се случи минатата сезона останува во минатата сезона. ПСЖ сега има фантастичен тим, уште подобар од лани и сега го имаат Меси. Знаеме дека ќе страдаме на теренот, ќе ги натераме да трчаат по нас додека ја имаме топката во своите нозе. Мора да бидеме тим, да бидеме компактни, да си помагаме еден на друг. Само така можеме да ги сопреме“, заклучи Гвардиола.