Викендов се одржа штафетната трка на македонската општествено-деловна заедница во која повтроно најбрз беше тимот на Комерцијална Банка од Скопје, составен од Миомир Алексовски, Снежана Димовска, Маријан Шамоски и Бобан Нефовски.
На патеката на кејот на Вардар, кај хотелот Парк во Скопје се одржа штафетната трка со 4 измени по 2 километри во која учествуваа 60 тимови од македонскиот бизнис сектор. Првото место го освои тимот на Комерцијална Банка, втор беше тимот на Ендава, а третото место му припадна на тимот на Унибанка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најбрзи поединци, со најбрзо истрчани кругови, беа Николина Милевска од тимот на Ендава кај жените и Миомир Алексовски од Комерцијална Банка кај мажите.
Ова беше шесто издание на трката, во кое Комерцијална Банка по трет пат го имаше најбрзиот тим меѓу претставниците на македонскиот бизнис сектор.
Трката ја организираше здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.